Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ допатува во Белград, во прва официјална посета на Србија откако стапи на функцијата. На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ тој беше пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер во српската Влада, Бранислав Недимовиќ, пренесува „Вијести“.
И покрај свеченостите, како интонирањето на химните, гардата и црвениот тепих, најголем впечаток остави дрес-кодот на министерот во Владата на Србија, кој беше облечен во фармерки и немаше вратоврска.
Ваквиот пречек на Кривокапиќ на социјалните мрежи го коментираа функционери на црногорските опозициски партии.
Кога ќе ве пречекаат онака како што заслужувате. Во фармерки и на ниво. Со овој чин покажаа како ја доживуваат Црна Гора и нејзиниот премиер, напиша пратеникот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Предраг Бошковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.