Српскиот адвокат, Срѓан Алексиќ, соопшти дека официјално е поднесена првата индивидуална приватна тужба против НАТО до Високиот суд во Белград за барање за надомест на штета поради заболувања по бомбардирањето со осиромашен ураниум.
Алексиќ вели порача дека граѓаните на Република Српска и БиХ кои заболеле од рак треба да ги заштитат своите права на ист начин.
Алексиќ соопшти дека тужбата е поднесена од активен офицер на Српската армија кој се здобил со тешка форма на рак, а за време на бомбардирањето во 1999 година престојувал во областа на сегашната копнена безбедноста зона во јужна Србија, која речиси секојдневно била бомбардирана со муниција со осиромашен ураниум.
На ист начин како што мојот колега Анџело Тартаља, адвокат од Рим, застапуваше италијански војници и цивили кои беа на Косово и Метохија, и кој веќе доби 181 пресуда, така и ние поднесуваме тужби во име на офицери, војници на воена служба, полицајци и воени резервисти кои престојуваа на Космет и кои оттогаш заболеа од некаква форма на рак – објасни Алексиќ.
Тој смета дека граѓаните на Србија, чие право на живот е повредено затоа што заболуваат од осиромашениот ураниум што беше фрлен при нелегалната агресија на НАТО во 1999 година, ги имаат истите права како и граѓаните на Италија.
Алексиќ навел дека тужбата содржи докази од САД, како и од Светската здравствена организација, за канцерогените влијанија на осиромашениот ураниум, а има и домашна и странска судска пракса, како и веќе донесени пресуди.
Ние веруваме дека нашиот суд, кога ќе ги спореди целата судска пракса и докази, сигурно ќе донесе фер одлуки, како што се донесени од судот и судиите во Италија. Ќе побараме најмалку по околу 100.000 евра за секој пациент со рак, а во Италија отштетата е многу повеќе, сметајќи го тоа за минимум – изјави Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.