Владата на Србија на денешната седница одлучи во идната комуникација со официјално Скопје да го користи терминот Република Македонија или скратениот назив Македонија.
Српската Влада денеска го усвои Заклучокот за користење на името Република Македонија врз основа на известувањето на официјално Скопје испратено до сите членки на ОН за промена на името, пренесува Танјуг.
Со оглед на тоа дека Србија има добри и развиени односи со таа соседна земја, а промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата констатираше промена на име и во идната комуникација ќе го користи називот Република Македонија или скратено Македонија – се наведува во соопштението од српската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.