Владата на Република Србија на денешната седница донесе измена на одлуката за протокол за влез на српските државјани во Србија, во согласност со епидемиолошката состојба и заштитата на населението од заразна болест КОВИД-19, соопштија од владата.
Државјаните на Србија можат да влезат во земјата и да се движат без ограничувања со негативен PCR тест за коронавирус, не постар од 72 часа. Ако државјанинот на Србија влезе во земјата без направен тест, тој е должен да помине 14 дена во самоизолација. За време на периодот на самоизолација, има можност да направи тест во една од референтните лаборатории во Србија и доколку тестот е негативен, може да ја прекинат самоизолацијата, се наведува во владиното соопштенние.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската влада пред два дена ги донесе протоколите за влез и излез од Србија и за странските државјани, во кои се наведува дека можат да влезат во Република Србија под два услови – негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 72 часа и потврда издадена од комисија составена од претставници на Министерството за здравство, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Министерството за надворешни работи и Министерството внатрешни работи. Овој сертификат може да се добие во српската амбасада или конзулат во земјата од која доаѓа странскиот државјанин, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.