По наредба на српското Обвинителството за организиран криминал уапсена е помошник-министерката за земјоделство, Дарија Јањиќ Нишавиќ, поради сомнение дека примила мито. истовремено, уапсено е и лицето Д.Ч. под сомнение дека ја подмитил.

Уапсената Дарија Јањиќ Нишавиќ е раководител на Секторот за меѓународна соработка и ги води работите со ЕУ во министерство за земјоделие. Претходно била вработена во Канцеларијата за европска интеграција.

Се сомнева дека Дарија Јањиќ Нишавиќ од Д.Ч. примила месечна рата од однапред ветенета корист за добивање договор во постапката за јавна набавка на Министерството за земјоделство од областа на услугите, што е поддржано од странски фонд за финансирање на земјоделството – се наведува во соопштението на обвинителството.

Во соопштението се додава дека на Јањиќ Нишавиќ и била ветена корист за плаќање од околу 1.000 евра месечно, во следните две години, додека трае спроведувањето на договорот за јавна набавка. Обвинителството соопшти дека претресите се во тек, а помошник-министерката е осомничена за кривично дело примање на мито.

Акцијата за апсење, по повеќемесечна предистражна постапка, ја извршиле припадници на Министерството за внатрешни работи, Полициската управа и Службата за борба против организираниот криминал.

На осомничените им е одредено полициско задржување и тие со кривична пријава ќе бидат спроведени во Обвинителството за организиран криминал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.