Законот за слобода на вероисповест кој стапи во сила ја крена Црна Гора на нозе.Со овој закон од верските заедници најпогодена е Српската православна црква која треба да покаже имотен лист за сопственоста на црквите и земјиштето пред 1918 година.
Но, се чини дека причините за донесувањето на овој закон не се верски туку финансиски. Имено, СПЦ во Црна Гора поседува дури 11 милиони квадрати земјиште. Доколку не ја докажат сопственоста со него ќе управува државата.
Најголем дел од ова земјиште се наоѓа на атрактивни локации, покрај морскиот брег во Будва и во Херцег Нови кое пазарно би вредело десетици милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.