Во породилиштето на најстарата болница во Црна Гора, „Данило Први“ во Цетиње, во петокот се породија три сестри и на свет донесоа четири деца.
Прва во породилната сала влегла Олицера, која околу 9 часот утрото го родила Стефан. Нејзината сестра близначка Јасна неполн час подоцна ги родила близнаците Урош и Ања, а во 11 часот Јелена на свет ја донела Дарија.
Како што пишуваат црногорските медиуми, најсреќна денес е Мара Мугоша, мајката на трите сестри, која во само два часа доби четири внучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.