Србија плати скоро двапати повеќе по километар за автопатот низ Грделичка клисура, отколку што Македонија ја коштатше за ист дел, во целиот профил на автопатот, пред влезот во Грција.

Ова за Н1 го тврди Даниел Дашиќ од Националната коалиција за децентрализација на Србија, со напомена дека неговата организација оваа анализа ја направила споредувајќи ја специфичноста на теренот, па споредувањето е релевантно имајќи предвид дека и македонскиот автопат е граден низ ридско-планински предел.

Уште не се знае колку ја чинеа Србија овие 27 километри автопат низ Грделичка клисура, но според Дашиќ, тие се преплатени.

Имаме 28,8 километри низ Македонија и 26,3 низ Србија. Ако знаеме дека Македонците платија 218 милиони и тоа е завршната цифра потврдена од Европската инвестициона банка, а нашата министерка уште не знае колку нè кошта, но смета дека нема да е помалку од 350 милиони евра. Добиваме резултат дека ние сме го платиле километарот двојно поскапо, вели Дашиќ. Автопат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.