По апелот на српскиот Кризен штаб српските туристи кои летуваат во Црна Гора да се вратат во својата земја до петок во 18 часот, голем број граѓани се упатија кон Србија. Поради тоа од раните утрински часови има голема гужва на границите со Црна Гора.

Колони автомобили има на граничниот премин Јабука, а бидејќи околу 70.000 Срби во моментов се на одмор во Црна Гора, се очекува состојбата на граничните премини да биде слична или полоша до крајот на денот.

Најголема навалица се очекува во периодот од 16 до 18 часот, до кога Кризниот штаб апелираше српските граѓани да се вратат во земјата.

Граѓаните на Србија кои се враќаат во земјата од летните одмори од ’црвените корона-зони’, и немаат симптоми на инфекција, имаат обврска по електронски пат да се пријават во здравствениот систем, не би било добро сите да брзаат во ковид-амбулантите – изјави епидемиологот д-р Предраг Кон, член на кризниот штаб за сузбивање на епидемијата.

Денеска во 18 часот стапува на сила одлуката дека српските државјани кои се враќаат од земјите каде што голем број луѓе се заразени со корона вирусот, мора да се пријават во системот, и доколку имаат симптоми, како што се треска, губење на чувство на вкус и мирис или некој друг вид на респираторна инфекција, тие се должни да одат во ковид-амбуланта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.