Жените во Србија кои сакаат потомство, а немаат партнер, веќе нема да морат да одат во Македонија по донирани сперматозоиди, пишува српски „Телеграф“. Со донесувањето на низа подзаконски акти, кои стапуваат на сила од 20 април, во Србија се овозможува донација на сперматозоиди, јајни клетки и емриони.
Но, потенцијалниот донатор на репродуктивен материјал или ембрион мора да ги задоволува сите критериуми, како и комлетно чиста клиничка слика, која вклучува и психолошка и генетичка процена и историја.
Дарителот мора да биде во оптимална репродуктивна доба, поточно мажот мора да има максимум 40 години, а жената до 34.
Донорот мора да е физички здрав и да нема прекумерна тежина. Не смее да има тетоважа или пирсинг направени во последните 12 месеци. Кандидатите кои имале секс за размена на пари или дрога во последните пет години, а исклучени ќе бидат и оние кои имале сексиални односи со ризични групи.
Донор нема да може да биде ни некој кој бил во притвор подолго од 72 часа во последните 12 месеци, како ни вработен во здравствената установа во која ќе се одвива оплодувањето.
За крај, дарителот на репродуктивни ќелии или ембриони, не може да биде некој кој имал хомосексуални односи во последните пет години, како ни некој кому му е извршена трансплантација или примал трансфузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.