Тина Тинтор (23), девојка со српско потекло која живееше со семејството во Лас Вегас, загина во сообраќајна несреќа во раните утрински часови во вторникот на 2 ноември, кога во нејзиниот автомобил удри поранешниот играч на Лас Вегас Рајдерс, Хенри Рагс Трети.
Во меѓувреме се појавија шокантни детали за последните моменти на младата Тина, пред таа жива да изгори во автомобилот.
Според магазинот Review Journal, неколку минувачи неуспешно се обиделе да ја спасат девојката која била заробена во автомобилот заедно со нејзиното куче.
Имало страшни крици
Александер Харт, кој работи како обезбедување во блиската станбена зграда, рекол дека слушнал силен крик од автомобилот, а потоа веднаш се упатил кон местото на несреќата.
Тој на полицијата и рекол дека Тина била сè уште жива во моментот кога автомобилот се запалил. И Александар се обидел да ја извади од автомобилот, но Тина останала заглавена во возилото заедно со кучето.
Набрзо од автомобилот почнал да извива густ чад и Александар морал да се оддалечи од возилото, за да не се повреди и тој.
Набрзо на местото на несреќата дошле пожарникари, за да ја извлечат и да го изгаснат запалениот автомобил, но за Тина, за жал, било доцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.