Снежана Чировиќ од Чачак, која денес била на ревакцинација наместо да ја прими втората доза на „Синофарм“, тврди дека ја примила вакцината „Фајзер“.
„Лута сум и огорчена, таму имаше некакво снимање и веројатно беа збунети. Кога видов на листот хартија дека не сум ја примила втората доза на кинеска вакцина, прашав што да правам“, рекла таа за српскиот портал „Нова.рс“, додавајќи дека тие одговориле дека ќе го „исправат сертификатот“.
Потоа, како што рече, следувало извинување, а кога рече дека ќе контактира со директорот на Здравствениот дом, тие скокнале врз неа и се обиделе да ја спречат.
„Се тресам, огорчена сум, контактирав адвокат и ќе се консултирам со него за преземање понатамошни чекори. Тие сакаа да го прикријат тоа, веројатно за да не останат без работа, но случајот мора да биде пријавен во Министерството за здравство“, рекла таа.
Снежана истакнува дека имала операција на ‘рбет, земала лекови затоа што има проблеми со срцето и не знае како оваа грешка ќе влијае на нејзината целокупна состојба.
„Прво добив кинеска, а потоа „ Фајзер “, за која слушнав дека може да имам десет типа на симптоми“, заклучила оваа жена од Чачак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.