Телото на жена (72) од Србија утрово е извлечено од морето, на плажа во Ставрос.
Жената е извлечена без свет и ѝ е дадена прва помош од страна на минувачи и други капачи кои ја извлекле од водата. Помош исто така се обидел да и пружи и лекар, но без успех, објавија српските медиуми.
Таа со возило на итна помош е пренесена во болница каде е прогласена за мртва.
Наредена е обдукција врз телото на несреќната жена, туристка од Србија за да се утврди точната причина за смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.