Љубовна драма се одвивала во Крагуевац во Србија откако сопруга го запалила автомобилот на неверниот маж додека тој во колата имал „акција“ со љубовницата.

Настанот се случил на патот кон населбата Цветоевац во Крагуевац, маало познато по „љубовните излети“ .

Жената го следела сопругот, купила три литри бензин, почекала љубовниот чин да започне по што го полеала автомобилот и го запалила.

Само среќа ги спасила мажот и љубовницата од повреди, раскажал за медиумите очевидец на инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.