Српскиот државјанин Ненад Л. (26) е уапсен од австриската полиција под сомнение дека ја убил сопругата Дајана Лазаревиќ (23) во Салцбург.

Како што објави „Salcburg.orf“, злосторството се случило во неделата навечер.

Не живееја заедно. Ненад отишол кај Дајана додека децата спиеле. По расправијата извадил нож, па ја прободел во градите и вратот. Сфаќајќи што сторил, го скрил трупот и ја повикал дадилката да ги чува децата – објави австрискиот медиум.

Подоцна во текот на ноќта, Ненад самиот се предал во полициска станица, каде то мирно признал што сторил.

Вујкото на убиената на полицијата и изјавил дека Дијана и Ненад биле во брак со години, но во последно време имале проблеми и биле разделени.

Роднина на убиената изјавил дека Ненад Л. и претходно ја нападнал Дијана, а со нож ги нападнал и нејзините родители. Ненад од порано имал пријави за насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.