На социјалните мрежи се појави видео од Србија, во кое се слуша како еден патник во автобусот им вели на другите патници, кои се мигранти, „дека треба да бидат убиени“ и дека заслужуваат куршум во главата.

„Надвор, надвор, надвор. Ајде, Раус, марширај. „Добитокот надвор“ – извикува човекот, додека мигрантите излегуваа од автобусот еден по еден во колона.

Тие прашуваат „што направиле“, но наместо да одговор, добиваат уште пострашна порака.

„М70 и куршум во главата. Сите треба да ве убијат. Ќе научиш српски само кога ќе те застрелам во таа црна глава. Јас и служев на оваа земја, дадов заклетва. Да имав оружје сега, ќе ве убиев – продолжува патникот, кој во меѓувреме доби поддршка од возачот дека е во право“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.