Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ истакнал дека „Србија е мала, но не е глупава земја“, пренесуваат српските медиуми. Тој изјавил дека „додека Србија зборува за компромис и дијалог, Приштина и Тирана под маса договараат создавање „голема Албанија“.
Дачиќ во своето гостување во Дневникот на РТС, рекол дека разговорот на косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама за „национално обединување“ заслужува остар одговор.
Не зборува Србија за тоа (за Голема Албанија), туку Тачи и Рама. Ова е плукање во лицето на цела ЕУ, на сите кои Србија ја убедуваат дека треба да бидеме конструктивни и мирни. Ние седиме на масата, а тие под истата маса договараат создавање „голема Албанија“, кажал шефот на српската дипломатија.
Договарањето на Рама и Тачи, според него, е врвен безобразлук на албанските политичари бидејќи на еден самит на кој се зборува за регионалната соработка тие зборуваат за „исправање историски неправди“.
Министерот за надворешни работи смета дека сега се поставува прашањето дали Србија треба да учествува на собирите како актуелниот во Тирана бидејќи, како што кажа, „зад нашиот грб се турка идејата за „голема Албанија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.