Од утрово влажен снег вее низ цела Србија. Врнежите предизвикаа бројни проблеми, пред сѐ во сообраќајот, но и во електричната мрежа.
Екипите на патиштата не можат да го отстранат снегот од улиците, па во некои делови на Белград сообраќајот беше пред колапс иако е недела.
Закажа и јавен превоз – автобусите напорно се движеа по ридовите, а поради снегот застанаа и трамваите, па овие возила стоеја во колони на шините.
Електродистрибуција соопшти дека поради лошите временски услови се регистрирани прекини на струја низ цела Србија, особено во планинските предели во западниот и централниот дел на земјата. Околу 3.000 домаќинства во моментов се без струја во областа Златибор.
ЕПС соопшти дека поради ветерот и влажниот снег кој мрзнел, имало проблеми во испораката на јаглен, поради што одредени блокови во Термоелектраната „Никола Тесла А“ се стопирани.
Во некои делови на Белград гранки паднале под тежината на снегот, но имало и случаи кога цело дрво паднало, најмногу на автомобили паркирани во непосредна близина.
Проблеми имаше и во планинските центри. На влезот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ има огромен сообраќаен метеж, а метеж има и на терминалите.
Аеродромот соопшти дека е постојано отворен за авиосообраќај и покрај снегот кој постојано паѓа од утрово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.