Медиумите од Балканот објавуваат дека војската на Србија ги преместува тенковите од Рашка кон административниот премин со Косово, Јариње.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое може да се види колона од големи камиони-шлепери кои носат тенкови. Според засега непотврдени информации, колоната тргнала од Рашка и се движи кон административната граница со Косово.

Според медиумите, станува збор за модернизирани тенкови Т-72 МС опремени со нова оптика и најсовремена воена опрема, кои се дел од воената донација на Русија за Србија.

Веќе пет дена околу 100 припадници на специјалните косовски единици Росу се на администратвните премини Јариење и Брњак со дваесетина оклопни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.