Српскиот министер за здравство Златибор Лончар соопшти дека денеска е потпишана промена на договорот, односно нов договор со американско-германската компанија „Фајзер/Бионтек“, според кој на Србија во вториот квартал од годината ќе и бидат доставени 1,2 милиони дози вакцини против корона вирусот како и уште 1,19 милиони во третиот квартал или вкупно дополнителни 2.390.000 дози.
Тоа е огромен успех за граѓаните на Србија, ние направивме нешто за што повеќето во светот можат само да сонуваат – изјави министерот Лончар за РТС.
Лончар додаде дека на средбата со министерот за здравство на Република Српска, Ален Чераниќ, било договорено да се продолжи со вакцинирањето на медицински работници од РС во Србија.
Денеска е трет ден откако во Шабац, Лозница, Сремска Митровица и делумно во Белград се вакцинираат здравствените работници од Република Српска. Се приближуваме до бројката од 5.000 вакцинирани и се договоривме за понатамошно вакцинирање на медицинските работници од приватни установи и вработените во домовите за стари лица – изјави Лончар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.