Српското Mинистерство за правда испрати допис до судовите кои ќе ги водат постапките против лицата кои ја нарушиле мерката самоизолација, овие судења да ги организираат преку видео-врска, јави дописникот на МИА од Белград.

На овој начин, како што соопштија од ова Mинистерство, ќе бидат заштитени и вработените и оние против кои се води постапката.

На судовите им е предложно да инсталираат Скајп на нивните компјутери.

Во моментов во притвор во Вршац, Пирот и Пожаревац се наоѓаат 108 лица поради кршење на мерката за самоизолација. Во Вршац досега се притворени 44 лица, 43 се во Пожаревац и 21 лице е притворено во Пирот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.