Српска државна делегација денеска отпатува за Анкара, каде ќе се договорат за набавка на неколку системи на борбени беспилотни летала од типот „Барјактар“. Според белградските медиуми, министерот за финансии Синиша Мали и помошникот министер за одбрана за материјални извори Ненад Милорадовиќ заминале во Турција.
Како што се наведува, тие треба да ја подготват целата документација и договорот врз основа на кој еден од најмоќните борбени системи на беспилотни летала во светот ќе пристигне во Србија.
„Барјактар“ е систем од турско производство што се покажа како исклучително ефикасен во воените конфликти во Сирија, Ирак, Либија, но и во последните судири во Нагорно Карабах.
Министерот за финансии, Синиша Мали, во петокот престојуваше во Турција, каде разговараше со претставниците на таа земја за отворање на голема индустриска зона во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.