откако Македонија денеска го потиша протоколот за членство во НАТО, Србија, БиХ и Косово се единствените земји во регионот која ќе остане надвор од алијансата, коментираат српските медиуми.

Тие прашуваат дали Србија е во опасност воената неутралност предвидена со Устав и заложбите да не се приклучува во ниту еден воен сојуз.

Од државите кои не се членки на НАТО само во Србија нема НАТО-чизма, во Босна и Херцеговина има НАТО-војници, а во Косово, пак, се наоѓа најголемата база на НАТО Бондстил.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека останува на ставот Србија да не се приклучува на ниту еден воен сојуз.

Успеавме да одолееме на притисоците и да ја зачуваме својата политика на воена неутралност и добри односи со Русија. Сакаме да имаме своја војска која ќе ги чува нашето небо и земја – истакна Вучиќ неодамна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.