Одобрено е давање трета бустер доза вакцина против ковид-19 за граѓаните на Република Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

Бустер дозата на вакцината против ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и од втората доза поминале четири или пет месеци во зависност од типот на вакцината.

Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза.

Според податоците, до средината на октомври околу 12 илјади луѓе од Македонија примиле две дози вакцина во Врање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.