Во Србија за десетина дена ќе започне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ.
Таа вели дека ќе бидат користени антитела од крвта на луѓе коишто се излечиле и ќе им биде давана трансфузија на заболените.
Следното нешто на што одиме е плазма терапија. Ќе земаме крв од луѓе кои се излечиле и имаат антитела и ќе им даваме трансфусираме на луѓе кои се болни. Тоа ќе се случи за десетина дена, кога поминува 21-от ден од првоизлечениот – вели Брнабиќ.
Таа изјави дека Србија ќе започне со производство на тестови за антитела со цел да добие информации за нивото на отпорност на населението.
Ќе направиме банка на плазма за подготвени да ја дочекаме есента или зимата, или кој било друг напад на епидемија – додаде Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.