Во Србија денеска се надминати 600.000 регистрирани случаи на корона. Тамошните експерти укажуваат на можноста за давање трета доза на вакцина на луѓето чиј имунолошки систем не реагирал соодветнопо примените две дози.
„Можеби се работи за постари лица кои не реагирале добро на примената на првите две дози вакцини. Ќе има потреба од трета доза, но не за сите луѓе“, изјави Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП).
Во изјава за Радио Телевизија на Србија (РТС) вели дека се работи за луѓе кои „реагирале со помали вредности на антитела“ доколку им е дијагностицирана „инфекција и развој на симптоми“ и доколку „вредноста на антителата исчезне под мерливите вредности“.
Таа посочила дека за вакцините засновани на „нов концепт“, како што се Pfizer и AstraZeneca и руската Спутник V, кои даваат „брз хуморален одговор“ веќе две до три недели по првата доза, потребна е втора доза за продолжување на ефектот за дополнителна ефикасност.
Гњатовиќ рече дека кинескиот Синофарм го стимулира имунолошкиот одговор многу подоцна затоа што „синтезата на антителата започнува две недели по приемот на втората доза“, а понекогаш „дури по четири или пет недели по втората доза“.
Таа тврди дека антителата кај повеќето луѓе постари од 70 години, главно мажи, се создаваат многу послабо од очекуваното. Кај популацијата на возраст од 18 до 65 години реагира добро и речиси сите имаат очекуван хуморален одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.