Според податоците од страницата „ourworldindata.org“, која собира и објавува информации и табели, за пациенти со Ковид-19 од целиот свет, денеска Србија е трета на листата на хоспитализирани пациенти на милион жители.
Оваа „неславна титула е стекната“ со 6.724 пациенти кои се згрижени во здравствените установи и привремените болници во Србија, а тоа се луѓе за кои е потврдено дека го имаат вирусот.
Според бројот на хоспитализиразни пациенти поради последиците од коронавирусот, првите три земји во светот се САД, Велика Британија и Србија. За споредба, пред во САД се хоспитализирани 47.612 лица со коронавирус, во Велика Британија 8.238, а во Србија 6.724. Според бројот на хоспитализирани поради Ковид-19 на милион жители, во првите 10 земји се се наоѓа и Хрватска.
Она што дополнително загрижува е што во Србија има повеќе хоспитализирани отколку во Франција, Италија и Португалија, земји кои до неодамна беа жаришта на короната, а во кои живеат многу повеќе луѓе отколку кај нашиот северен сосед.
До 15 часот, на 24 октомври, во Србија се регистрирани вкупно 1.098.209 потврдени случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 9.509
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.