Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги пофали турските беспилотни летала „Бајрактар“ и најави можно купување на одредена количина од тие дронови за зајакнување на одбрамбените капацитети на земјата.

На прашањето дали се точни наводите на медиумите дека Србија ќе купи беспилотни летала од Турција, Вучиќ одговори дека за Србија се многу интересни системите на беспилотните летала.

Дали ќе постигнеме договор со турската страна тоа ќе видиме, но станува збор за многу добри летала – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател појасни дека Србија секогаш сака да ја зајакнува својата безбедност.

Ние никому не му се закануваме ниту некого ќе напаѓаме, но мораме секогаш да бидеме спремни да не бидеме изненадени. Во согласност со тоа ги преземаме сите чекори и мерки и не ни е лесно, бидејќи мораме да издвојуваме значајни финансиски средства за да одиме во чекор со земјите кои се воено определени – истакна Вучиќ.

Дроновите „бајрактар“ се производ на турската корпорација „Кале-Бајкар“, а во вооружувањето се воведени во 2014 година. Овој дрон се продава во две верзии – како борбено и како изводувачко летало, со вооружување или без него.

Дроновите „бајрактар“ ги користи војската на Азербејџан во судирите во Нагорно-Крарабах. Во меѓувреме, Канада ја запре продажбата на сензори за беспилотни летала на Турција поради стравувањата дека тие можат да се користат за да му се помогне на Азербејџан во борбата против Ерменците во Нагорно Карабах.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.