Од 1 април здравствените работници во Србија ќе добијат зголемување на платите за десет отсто. Со ваквата одлуката на српската Влада ќе бидат опфатени вработените во сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и на лекарите во заводите за извршување на кривични санкции.
Одлука е донесена, имајќи предвид дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.