Од страна на кризниот штаб на Србија донесена е одлука да се дозволи отворање на терасите на угостителските објекти од понеделник, со посебни мерки, како и продолжување на работата на продавниците до 22 часот.
Според изјавата на Зоран Гојковиќ – Извршена е анализа на состојбата во Србија. Сè уште е вонредна. Донесена е одлука од понеделник да се овозможи работа на угостителски објекти кои имаат можност за работа на отворено, под услови што ќе ги прецизираат најдоцна до недела.
Викендов ќе се разговара за трговските центри и ќе се направи обид да се дојде до решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.