Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, денеска во Парламентот претстави сет од четири економски закони, кои го дефинираат прашањето за исплата на 20 евра во декември за полнолетните граѓани на Србија.
Мали им го претстави на пратениците Законот за изменување и дополнување на Законот за привремениот регистар на полнолетните граѓани на Србија, на кои им се исплаќа финансиска помош за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирусот.
Ова е закон кој предвидува исплата на 20 евра за сите граѓани на Србија во декември годинава. Сите оние кои станаа полнолетни по 24 април 2021 година, можат да аплицираат за помош од 20 евра. Ја отвараме можноста за аплицирање на ист начин како и досега преку веб-страницата на Трезорската управа од 15 до 30 ноември, истакна Мали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.