Jавното претпријатие „Србијагас“ и унгарската компанија ФГСЗ на српско-унгарската границатго поврзаа гасоводот „Балкански ток“, преку кој во иднина гасот од Турција преку Бугарија и Србија ќе стигнува до Централна Европа.

Завршен е комплетниот линиски дел од турскиот брег, преку територијата на Турција, Бугарија и Србија, до влезот во Унгарија, што ќе овозможи капацитетот на излезот од Црното Море од 15,75 милијарди кубни метри гас да се користи низ цела Централна Европа.

Генерален директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека на овој начин се става крај на долгорочната голема работа со која Србија конечно го реши прашањето за снабдување со гас од друга насока, а не само преку Украина.

Целокупната траса од Црното Море по должината на турската територија е 130 километри, потоа 498 километри и припаѓаат на Бугарија, а 403 километри на Србија, додека од Хоргош до Варошфелд во Унгарија, должината на гасоводот изнесува околу 85 километри.

Годишниот капацитет на гасоводот што поминува низ Србија е околу 13 милијарди кубни метри. Дијаметарот на гасоводот е 1.200 mm, а максималниот притисок е 75 бара.

Првите количини транзитен гас низ Србија за Централна Европа започнуваат на 1 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.