Американскиот лек против корона вирусот ќе стигне во Србија до мај и од него се очекува да спаси животи на најризичните пациенти, пишуваат белградските медиуми.
Се работи за лекот што го произведува компанијата „Ели лили“ под името бамланивимаб.
Претседателот на Србија порано потврди дека американскиот медикамент против Ковид, не наведувајќи кој точно, во Србија треба да стигне во април или мај, и дека земјата за околу 2.000 дози издвоила дури 40 милиони динари.
Како што пишуваат „Новости“ тој лек се смета за еден од најскапите и најновите во лечењето на Ковид, а за своите граѓани го нарача и Германија.
Иновативниот медикамент, по оздравувањето го фалеше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому му е даден тој лек, базиран на антитела, од друг производител на компанијата „Регенерон“.
Медикаментите на двата производители се базирани на антитела, бамланивимаб на еден, а оној на „Регенерон“ на друг вид антитела.
По експресното оздравување од инфекцијата со корона, Трамп јавно се заложи за нивна што побрза регистрација и набавка на големи количини за граѓаните на САД. Нему, овој лек, тогаш во експериментална фаза. Му ја спречи болеста и му помогна што поскоро да го исфрли вирусот.
Лекарите во Србија немаат доволно информации за оваа иновативна терапија затоа што немаа прилика да ја применуваат во клинички услови. Сепак, некои велат дека е ексклузива што Србија го набавува овој лек, затоа што во однос на останатите е врв. Фармаколозите се надеваат дека Србија наскоро ќе го набави и оној на „Регенерон“, додаваат „Новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.