Воведувањето на ковид потврди во оние места кадешто има голема веројатност за пренесување на вирусот и кадешто по правило најмногу се собираат младите значително влијаеше на зголемување на фрекфенцијата на вакцинацијата, вака последните мерки во Србија ги оцени министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ. На Кризниот штаб го зголеми временскиот период кога во угостителски објекти ќе можат да седат само вакцинирани.
Досега ковид потврди се бараа само по 22 часот, сега тоа ќе важи од 20 часот. Работното време на угостителските објекти сега се скратува и тие ќе можат да работат до полноќ.
Овие мерки отсега ќе важат и за казината и обложувалниците.
Од понеделник, ковид пропусниците ќе важат и во сите казина, слот клубови, обложувалници, како и во сите угостителски објекти – истакна Кисиќ Тепавчевиќ на прес-конференцијата по седницата.
На седницата на Кризниот штаб беше усвоен предлогот на Училишниот тим со кој се предвидува основците и средношколците од Србија да не одат на училиште од понеделник, 8 ноември до петок, 12 ноември, соопшти Министерството за образование.
Од 8 до 12 ноември ќе трае продолжениот есенски распуст за учениците“ најави министерот по седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.