Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави продолжување на полицискиот час кој од утре ќе трае од 17 до пет наутро.
Вуќиќ рече дека овие мерки ќе ги предложи на премиерката Ана Брнабиќ и дека Владата ќе ги усвои.
Тој рече дека денеска бил најтешкиот ден во Србија откако почна епидемијата со коронавирус, бидејќи имаат вкупно 171 заразен.
Не ме терајте да воведеме полициски час 24 часа дневно. Видете што се случува во Италија! Таму денеска умреа 793 лица. Дали разбирате што се случува? Ве молам, не излегувајте од дома. Ако луѓето не останат во своите домови од понеделник полицискиот час може да почне од 13 часот, а после тоа и 24 часа – изјави Вучиќ на вечерашната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.