Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, соошти дека се повлечени од продажба домашните тестови за корона вирус, што се појавија и се продаваа во аптеките ширум земјата.
Како што објасни Брнабиќ, таквата одлука е донесена поради тоа што таквите тестови не добиле одобрение од Агенцијата за лекови и медицински помагала.
Тоа беше дискутирано во Кризниот штаб и Министерството за здравство провери дека тие тестови не биле одобрени од Агенцијата за лекови и медицински помагала – изјави Брнабиќ во емисијата „Хит твит“.
Брнабиќ додаде дека на таквите тестови било јасно напишано дека мора да се користат со стручна помош.
Луѓето увезуваат вакви тестови, кои потоа се наоѓаат и во аптеките. Па, не можете да контролирате сè што се случува во Србија во секоја минута – изјави Брнабиќ.
Во истата емисија, д-р Бранимир Несторовиќ изјави дека знае оти таквите тестови во Србија се увезуваат „на црниот пазар“.
Тоа е серолошки брз тест чии вредности се речиси никакви – изјави Нестотовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.