Српската влада на денешната седница го усвои предлогот на Кризниот штаб за отварање на граничните премини и слободен влез во Србија, без потребниот тест за коронавирус. Границите се отвораат утре, 22 мај.
За влез во Србија нема да биде потребно да се прикаже негативен тест на ковид-19 или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.
На сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и за начините за спречување на инфекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.