Веднаш после Велигден ќе почнат да се олабавуваат рестрикциите поради коронавирусот во Србија, најави претседателот Александар Вучиќ во вечерното интервју за „Пинк“ . Додаде дека иако вонредната состојба ќе продолжи, ќе се отворат најпрво фризерските салони, салоните за убавина и малите продавници. Потоа, пак, хотелите и теретаните.

Од четврти мај  ќе се отворат кафулињата и рестораните, но тие ќе мора да ја држат пропишаната дистанца помеѓу масите на гостите и ќе може да ги користат само терасите.

Србија досега има евидентирано 5.994 заразени лица со новиот коронавирус, од кои 117 починати и 637 излекувани лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.