Владата на Србија донесе одлука за ограничување на цената на основните прехранбени производи: шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко – така што тие нема да го надминуваат ценовното ниво од 15 ноември 2021 година.
Ограничувањето на цените е пропишано со цел да се отстранат штетните последици и да се спречат нарушувања на пазарот и нема да се однесува на намалените цени, како што се продажба, сезонски попусти или промотивни продажби, доколку тие важеле на 15 ноември, туку за редовните, односно цените пред намалувањето, соопшти владата на Србија.
Одлуката ќе се применува за период од 60 денови и предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во изминатите 12 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.