Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ упати телеграма со сочувство до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по повод тешката сообраќајна несреќа во која животот во изгубија 46 луѓе.
Со неверување и тага ја примив страшната вест за трагичното загинување на патниците на автобус во Бугарија. Не постојат зборови кои би ја опишале болката која ја делиме со граѓаните на вашата земја. Неми пред оваа трагедија, испраќаме молитва со утеха на семејства на загинатите и целиот наш братски народ. Србија е сега со вас, подготвена да пружи секаква помош со поддршка, бидејќи не сте сами во оваа трагедија.
Во свое и име на граѓаните на Србија, упатувам најдлабоко сочувуство на семејства на настраданите и народот на Македонија, а на повредните им посакувам брзо и успешно закрепнување, се наведува во порака со сочувство на Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.