Заклучно со вчерашниот ден, 22.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во Србија, а имунизациите биле извршени во 10 градови, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Гостувајќи во утринската програма на РТС, Џерлек рече дека целта е во наредните денови да се отворат повеќе од 300 пунктови за вакцинација низ цела Србија.
На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови, рече Џерлек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.