Симболично, на Видовден, Србија ќе го отвори конкурсот на кој ќе може да се пријавуваат млади брачни двојки за државата да им подари напуштени селски куќи, пренесува „Новости“, додавајќи деја за оваа иницијатива од буџетот ќе се издвојуваат до 1,2 милиони динари.
Условот за пријавување е кандидатите да немаат повеќе од 45 години. Според проценките, во Србија има околу 200.000 напуштени селски куќи кои им се на располагање на земјоделците и младите лица што сакаат да живеат во село.
Од владата очекуваат да се пријавуваат земјоделци што живеат во заеднички домаќинства и сакаат да се осамостојат, но и млади луѓе кои немаат сопствен дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.