Со цел ублажување на последиците од пандемијата, Владата на Србија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпишаа финансиски договор за заем вреден 200 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка на малите и средните компании и компании со средна пазарна капитализација.
Договорот во Луксембург го потпишаа министерот за финансии Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова.
Овие 200 милиони евра заеми од ЕИБ ќе бидат искористени да бидат пласирани преку Фондот за развој на оние компании што се уште не добиле пари од државата, со цел да се ублажат негативните последици од пандемијата – изјави Мали.
Кредитите ќе бидат со поволни услови, но Мали не даде детали.
Од вкупно 200 милиони евра, 110 милиони ќе бидат наменети за обртни средства, односно за помош за ликвидност, а останатите 90 милиони евра за инвестициски активности, односно за набавка на опрема со цел дополнително намалување на негативните последици на пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.