Во последните 24 часа во Србија шест лица починале како последица на корона вирус со што вкупниот број на жртви е зголемен на 652 лица, објави Министерството за здравство.

Од последното ажурирање за состојбата во Србија, на корона вирус се тестирани 8.086 лица, а регистрирани се 235 новозаболени. На респиратори вклучени се 91 лице.

Во Србија од почетокот на епидемијата потврдени се вкупно 28.497 случаи на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.