Државјанин на Србија (44) е осуден на 19 години затвор, додека Холанѓанец со српско потекло (41) е осуден на 17 години за убиството на Иво Борер (77), поранешниот градоначалник на швајцарскиот град Мецерлен.
Луѓето осомничени од швајцарските власти дека се членови на криминалната банда „Пинк Пантер“, според пресудата, упаднале во куќата на овој локален политичар на 14 март 2010 година, кога го претепале и го оставиле да лежи облеан со крв. Тој починал четири месеци подоцна – се вели во соопштението.
Целото судење се одвивало на скриена локација поради безбедносни причини.
Адвокатите на осудениот Србин се незадоволни од пресудата и тврдат дека се направени големи пропусти во докажувањето на вината.
Целокупната доказна постапка се засноваше на шал на кој беше пронајдена ДНК на мојот клиент. Никој не го забележа тој шал за време на обработката на местото на злосторството, но врз основа на тоа, мојот клиент беше поврзан со грабежот во Ветинген – изјави адвокатот на осудениот Србин.
Токму овој грабеж на продавницата за луксузни часовници ги поврза осудениците со злосторството во Мецерлен. Истата ДНК е пронајдена во таа продавница како и во куќата на убиениот Борер.
Разбојниците се претставија како клиенти. Двајца беа во самата продавница, а мислам дека еден чекаше во автомобилот пред неа. На едниот од нив му беше врзан пиштол на ременот. Тие беа мирни, вистински професионалци. Ги спакуваа сите часовници во една вреќа – изјави жена која сведочеше на судењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.