По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на џихадистот бил Пловдив.

Според непотврдени информации, осомничениот е малолетно лице и тој бил уапсен пред да го изврши делото, пренесува БГНЕС.

Се очекува денеска прес-конференција на Обвинителството, на која ќе бидат соопштени повеќе детали.

Бугарските власти одбија да го откријат неговиот идентитет, а се знае само дека станува збор за бугарски државјанин, од семејство за кое досега немало сомнение дека има врски со радикални групи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.