Ако од денеска сите во Србија почнат да се придржуваат до сите мерки, на земјата ќе ѝ бидат потребни 29 дена за да ја стабилизира ситуацијата со коронавирусот, е првата проценка на кинеските стручњаци што пристигнаа вчера во Белград.

За да дојдеме во ситуација да не ни расте бројот на заразени треба од денеска воопшто да не се прекршуваат мерките. Би ни требале 29 дена. Тоа е нивната прва верзија“, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Тие уште се оградуваат. Кратко се овде, се запознаваат со нашата ситуација. До денеска попладне (понеделник – н.з.) ќе излезат со првиот сет мерки, кои кај нив се покажале добри“, додаде тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.