Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени од корона вирус во еден ден, дури 2.421, а починаа осум пациенти.

Официјални здравствени претставници соопштија дека со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144. Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58.

Хрватските медиуми, пак, денеска известија дека Клиничкиот болнички центар во Сплит распишалал конкурс за вработување на 300 медицински сестри, а досега се пријавиле само 14.

На сите оддели во болницата има недостиг на медицински сестри, најпотребни се во одделите за интензивна нега и во ургентните соби, додека бројот на пациенти во болницата расте. КБЦ Сплит, исто така, се обиде да привлече медицински сестри со штотуку завршено училиште” објави весникот „Даламација“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.