На изјавата на претседателот Илир Мета дека е избран од легитимен Парламент, дека тој и припаѓа на Републиката, а таа на албанските граѓани, реагираше министерката за односи со Парламентот и владин портпарол, Елиса Спиропали.
Таа на Твитер напиша дека Мета го изгубил правото да остане на претседателската функција, бидејќи им служи на лидерите на опозициските партии, Љуљзим Баша на Демократската и Моника Круемади на Социјалистичкото движење за интеграција, а не на Републиката.
– Господине Мета, се согласуваме со вас „Албанија е Република. Претседателот и припаѓа на Републиката, а Република им припаѓа на граѓаните“. Вие го изгубивте правото да останете во канцеларијата на претседателот бидејќи тој и припаѓа на Републиката, а не на Љуљзим и Моника, напиша министерката.
И премиерот Еди Рама обвини дека Мета делува во договор со опозицијата.
На средба со жители на Тирана, во рамки на изборната кампања,Рама истакна дека одлуката за одложување на локалните избори е голема грешка на Мета, дека тоа не е заблуда или моментно лудило на претседателот туку дека одлуката е донесена според добро смислен план со опозицијата, бидејќи „тие се плашат од правосудната реформа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.