Поранешниот член на ОВК, Зијадин Хоџа доби покана од Специјалниот суд во Хаг, објави претседателот на организацијата на воените ветерани на ОВК, Хисни Гуцати. Пратеникот од Алијансата за иднината на косовскиот парламент, Хаџи Шаља ќе се појави на 8 септември во Специјалниот суд во Хаг како осомничен.

Само што ја добив веста дека следниот гостин на Специјалниот суд е поранешниот член на УЧК, Зијадин Хоџа, објави Гуцати на Фејсбук.

Тој изрази уверување дека Хоџа, „како и сите борци на ОВК, ќе излезат невини“.

Не е познато дали Хоџа бил повикан како сведок или осомничен, пренесува Косово онлајн.

Пратеникот од Алијансата за иднината на косовскиот парламент Хаџи Шаља, пак, ќе се појави на 8 септември во Специјалниот суд во Хаг како осомничен.

Веста за поканите на Специјалниот суд ја објави Шаља на неговиот профил на Фејсбук.

Во објавата, тој изјави дека продолжувањето на испраќањето покани до поранешни членови на ОВК од страна на Специјалниот суд е „неприфатливо и има тенденција да ја оскверни војната за ослободување, пренесува Косово онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.